ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.03.2024
Сфаќа или сваќа?
Автор: Goce Author

Дали мешаш кога треба да се употреби сфаќа или сваќа?

Доколку не знаеш кое кога се употребува, дојден си на правилното место.

Запомни! Секогаш кога нешто разбираш, ти сфаќаш! Сфаќа е несвршен глагол и претставува синоним на глаголот разбира.

Пр. Не можам да сфатам како ги потроши парите.

Запомни! Сваќа е мајката на сопругот или сопругата на твоето дете и се пишува со В. ,,Сватови” претставува однос помеѓу родителите на децата што се маж и жена.

Пр. Се посрамоти пред сваќата.

 

Често се прават и други вакви грешки при пишување. Овде ќе наведеме некои од нив.

Негацијата со глагол секогаш се пишува разделено, како на пример:

Неможам                  Не можам

Несакам                    Не сакам

Незнам                      Не знам

Неморам                  Не морам

 

Зборчето НЕ се пишува слеано со придавки, именки и прилози, како на пример:

❌ Не убаво                    Неубаво

❌ Не подготвен          Неподготвен

Не човек                    Нечовек

Не вистина              Невистина

Не далеку                Недалеку

 

Гоце.мк неодамна изработи цел видео серијал за правилно пишување и говорење на македонскиот јазик. Во продолжение можете да ја погледнете.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автори: Кирил Стојанов и Климент Трајков

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?