ФОТО | Катарина Ивановска ужива во Италија: Манекенката објави фотографии со новиот дечко

Катарина Ивановска со дечкото / Фото: Instagram / ivanovska_katarina

Нашата позната манекенка Катарина Ивановска ретко споделува моменти од својот приватен живот, а на социјалните мрежи најчесто објавува фотографии од професионалните ангажмани.

Иако таа е актуелна со своите достигнувања во кариерата, во центарот на вниманието секогаш е поради нејзиниот љубовен живот.

Имено, Катарина по врската со партнерот Цобе со кој ги има двете деца Вања и Кира, беше во врска со нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ. Сепак и таа љубовна врска заврши, а сега преку социјалните мрежи Катарина се пофали со новиот дечко, Стефан Ханџиски.

Фото: Instagram / ivanovska_katarina

Дека уживаат во љубовта парот откри преку неколку заеднички фотографии од празничното патување во Италија каде беа заедно со децата на манекенката.

Фото: Instagram / ivanovska_katarina

„Пролетен одмор“, напиша Катарина покрај фотографиите, меѓу кои и една на која Стефан ја бакнува.

Фото: Instagram / ivanovska_katarina
Фото: Instagram / ivanovska_katarina

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Катарина Ивановска: Слабост ми е верувањето во погрешни луѓе

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот