• Горан Упале

Фудбалската репрезентација на Македонија, по победата во Вадуц своите мисли ги насочува кон натпреварот со Велс, кој се игра во рамки од второто коло од квалификациите за следното Светско првенство.
Нашите најдобри фудбалери на националната арена „Тодор Проески“ ќе бркаат втора мартовска победа, против селекција која што исто така славеше на отворањето на квалификациите.
Европската куќа на фудбалот ги одреди официјалните лица за оваа средба. За главен арбитар е делегиран биде Жером Бризар, а нему ќе му асистираат Ерван Финжеан и Алексис Оже. Сите од Франција.
Интересот кај македонската фудбалска јавност е голема за овој натпревар и се очекува голема посета на трибините на нашиот најголем стадион.