Фармерките кои изгледаат како измочани чинат 750 евра и веќе се распродадени

Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Италијанско – британскиот бренд за машка облека „ЏорданЛука“ (JordanLuca) креираше пар фармерки наречени Stain Stonewash со темна дамка во пределот на меѓуножјето. Фармерките го направија своето деби на модната недела во Милано и брзо станаа вирален хит, а многумина ги опишуваа како „измочани фармерки“.

Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

Имено, стратешки поставениот потемен дел од фармерките многу потсетува на непријатниот момент, но се чини дека тоа само ја зголеми нивната популарност бидејќи тие се веќе распродадени на веб-страницата на брендот. Ни помалку ни повеќе чинат 750 евра, а со снижување продажба 567. И доаѓаат во две бои на тексас.

Но, не грижете се, ако навистина ги сакате, можете да се регистрирате и тие ќе ве известат кога ќе се вратат на залиха.

Фото: – / INSTAR Images / Profimedia
Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот