Вевчански карневал 2024

15.01.24 14:27

На 13-ти јануари, граѓаните продефилираа низ Вевчани и ги презентираа своите маски мотивирани од различни секојдневни и несекојдневни животни ситуации на традиционалниот Вевчански карневал, еден од најпознатите на Балканот за кој се верува дека е стар 1400 години.

Овогодинешниот карневал се одржа под различни услови, со помалку маски, без музичкиот дел на дефилето и помалку публика за разлика од минатите години поради трагичниот настан во кој загина 19-годишно момче од Вевчани.

Верувањето е дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ја дочекуваат Новата година. Карневалот кој во 1993 година стана дел од Светската федерација на каренвалски градови вклучува дефиле на маски, василичарско оро на околу илјада маски и традиционалното палење на маските.

Погледнете ја галеријата на фотографии доловени преку објективот на Небојша Гелевски од годинешниот Вевчански карневал и изборот на најинтересните маски:

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Спорт / Око
Јавни простори / Фотографија / Живот

ОкоБоли главаВицФото