„Светски автомобил на годината“ штотуку беше прогласен на Меѓународниот автомобилски саем во Њујорк. Според изборот на 100 светски автомобилски новинари - престижната титула ја понесе Kia со моделот EV9!
Новата Kia ги остави Volvo EX30 и BYD Seal зад себе, а исто така ја освои наградата за „Светски електричен автомобил на годината“ пред BMW i5 и повторно Volvo EX30.
Сепак, Volvo постигна успех со моделот EX30, кој ја освои наградата „Светски урбан автомобил на годината“.
Меѓу другите победници е Toyota Prius, кој ја презеде титулата за најдобар дизајн на автомобили пред Ferrari Purosangue, а BMW серијата 5 беше прогласена за светски луксузен автомобил на годината.
Новиот EV9, висок корејски електричен SUV е долг пет метри и широк два метри, сместува до седум патници во три реда и генерално е едно од најголемите електрични возила на пазарот.
Верзијата со погон на четири тркала со 384 КС има автономија до 505 километри според WLTP.