Насловна / Вести / БиХ ја доби првата интерактивна мапа на локации подложни на пожари

БиХ ја доби првата интерактивна мапа на локации подложни на пожари

Во Босна и Херцеговина е изработена првата интерактивна мапа со локации подложни на пожари. Мапата е изработена во склоп на проектот „Заедничка акција за намалување на ризикот од шумските пожари по природата и луѓето во контекст на климатските промени во Босна и Херцеговина“. Интерактивната мапа како и нацртот “Патоказ за намалување на ризиците од шумски пожари“ претставени се на работилница на која присуствувале претставници на релевантни државни институции и граѓанскиот сектор.

Координаторката на проектот Лејла Хукиќ истакнува дека мапата е важна за унапредување на разбирањето и одговорот на ризиците од шумските пожари во БиХ. Нејзиното користење би требало да има сериозно влијание врз зголемување на отпорноста на овие пожари и намалување на штетите кои тие ги причиниваат. Изработката на мапата подразбирала собирање, анализа и визуелизација на податоци за подрачјата кои се изложени на опасност од пожари. Притоа, авторите успеале да ги идентификуваат клучните фактори на ризик и да ги одредат приоритетните подрачја за примена на превентивни мерки.

 

Испрати коментар

Scroll To Top