Дали ви е потребен шести прст?

Точка

07/05/2024

18:51

4.813

Големина на фонт

а а а

Роботскиот прст направен со помош на 3Д печатач би можел да помогне многу. Со други зборови, наскоро, на она старо оправдување – „Па немам сто раце“, би можеле да добиеме одговор „Но имаш шест прсти“.

Прстот го осмислила и испечатила Дани Цлод од Универзитетот во Кембриџ, а другите експерти многу брзо дошле до сознанието дека дополнителниот прст влијае и на тоа како работи мозокот. Механичките додатоци за тело се веќе нормална појава, но има малку истражувања за тоа како овие измени го менуваат мозокот.

Во текот на набљудувањето на субјектите кои користеле „трет палец“ (така се нарекува механичкиот прст) се барале одговори на прашањето дали мозокот воопшто може да поддржи механички дел од телото.

Третиот палец се поставува на дланката спротивно од вистинскиот пален, односно покрај малиот прст. Корисникот со него управува преку сензор кој се поставува под палецот на стапалото. Во текот на експериментот 20 испитаници го користеле палецот 20 дена, а нивното однесување е споредено со однесувањето на субјекти кои добиле статичен механички палец.

Заклучено е дека луѓето брзо учат како се управува со механички делови на телото и почнуваат да ги користат без многу размислување. Испитаниците брзо ги промениле природните движења со раката за да ги адаптираат на дополнителниот прст, а роботскиот палец по некое време почнале да го чувствуваат како дел од телото. Наскоро изгледа „ќе патиме само од вишок прсти“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг