logo
logo
logo

Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина

Vecer | 25.02.2024

Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина

„Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и на кој не му се гледа крајот. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и страв“, рече папата Франциск во неделното обраќање.

„Се залагам за тоа да се најде онаа малку човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, рече Светиот Отец.

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на Украина. Неколку западни лидери вчера го посетија Киев за да покажат солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија.

Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk