logo
logo
logo

Жена сними неверојатна глетка од прозорец на авион и го збуни светот (ВИДЕО)

Vecer | 29.04.2024

Жена сними неверојатна глетка од прозорец на авион и го збуни светот (ВИДЕО)

За среќа камерата на телефонот била вклучена, бидејќи би ѝ било тешко да докаже што видела по полетувањето од аеродромот Ла Гвардија.

Мајката на едно дете прво мислела дека има некаква бубачка на прозорецот, но подоцна ја погледнала снимката и сфатила дека се работи за „летечки цилиндар“.

Таа ја контактирала Федералната управа за воздухопловство (FAA), како и Националниот центар за известување за НЛО, за да го пријави бизарниот случај, пренесува Дејли Стар.

„Можеби тоа е јавна безбедност, но за жал не добив никаков одговор“, објасни таа.

Мишел му го покажала видеото на својот татко, поранешен припадник на американската морнарица, а тој останал збунет. Тој ја отфрли идејата за беспилотно летало, бидејќи не би смеело да лета толку блиску до патнички авион.

Подоцна дознала дека и друг патник видел неидентификуван летечки објект.

Светските медиуми објавија за бизарниот настан, кој го коментираше и експертот што го истражува феноменот НЛО, Бен Хенсен.

„Не најдовме докази дека Мишел го лажирала ова или измамила луѓе. Сѐ има таму, што е невообичаено“, истакнал тој.

Засега останува нејасно што жената снимила на небото над Њујорк, а приказната поттикна различни теории на социјалните мрежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk