Регион

Србија: „Марс“ и „Универекспорт“ поставуваат паметни куќички за домашни миленици

18 мар 2024

Со цел на своите корисници да им понуди иновативни решенија, компаниите „Марс Петкер“ и Универекспорт“ ги претставија паметните куќички за кучиња „Смартси“.

 Направени со мисија да пружат максимална безбедност и комфор, куќичките „Смартси“, ќе служат како втор дома за милениците додека нивните сопственици купуваат или ги завршуваат обврските низ градот.

 Покрај безбедносните брави кои автоматски се заклучуваат, куќичките поседуваат  и систем за вентилација, звучна изолација, како и камери со напредни функции преку кои ќе може да се следат милениците во реално време, како и систем за одрживање на оптимална температура, УВ лампа, преку која се стерилизира просторот после секоја употреба.

 Првите куќички се поставени во „Универескпорт“ во Нов Белград.

 Иновацијата е поддржана од страна на Научно – технолошкиот парк Белград, „Налед“, Европската банка за обнова и развој и Иновациониот фонд на Република Србија, додека зад развојот на производот стојат Теодора Печанац и Иван Миликиќ.

 

 

Извор: InStore

Фото: Теодора Печанац



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...