Скандалозни тврдења на Ребел Велсон: „Член на кралското семејство ме покани на оргија – во послужавник делеа таблети“

„Околу 2 часот по полноќ излезе едно момче со послужавник полн со нешто налик бонбони“ – раскажува актерката Ребел Вилсон, која тврди дека без да знае била поканета да присуствува на оргија од страна на член на британското кралско семејство. Прочитајте подетално за каква забава станува збор. 

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-01.jpg

Холивудската актерка Ребел Вилсон (44) деновиве е актуелна со нејзините мемоари, насловени „Rebel Rising“, каде изнесе повеќе шокантни тврдења.

Меѓу првите детали што беа објавени беа оние за нејзиниот однос со колегата Саша Барон Коен, со кого заедно се појавија во филмот The Brothers Grimsby, каде го обвини за сексуално вознемирување.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-06.jpg

Сега, светските медиуми ја пренесуваат нејзината приказна за тоа како член на кралското семејство ја поканил на оргија.

Таа вели дека настанот се случил во 2014-та година, кога во последен миг добила покана да присуствува на забава организирана од милијардер, од страна на еден член на кралското семејство, кому му рекле дека им требаат повеќе девојки.

„Ова е одлична можност да си најдам момче“ – си помислила во тој миг актерката.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-03.jpg

Како што појаснува, забавата била тематска, инспирирана од средниот век, а била организирана на ранч во близина на Лос Анџелес.

За оваа пригода, Ребел облекла средновековен долг фустан со конусна шапка, карактеристична за периодот, а била изненадена кога видела дека на забавата има голем број акробати, но и големо огниште околу кое биле распоредени перници.

„Забавата беше луда. Мажите се бореа со коњи на полјаната во близина. Во базенот имаше девојки облечени како сирени. Имотот беше огромен, и со оглед на тоа што беше мошне изолиран, на луѓето им беа доделени соби за да преспијат“ – вели таа.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-02.jpg

Ребел се обидела да разговара со милијардерот кој бил домаќин на забавата, но тој набрзина ја откачил.

„Го гледам членот на кралското семејство како се шета наоколу, додека јас постојано ги поткревам градите.

Имаше огромен огномет и наеднаш дојде 2 часот по полноќ и излезе едно момче со огромен послужавник со нешто што наликуваше на голем број бонбони“ – раскажува Ребел.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-05.jpg

Таа се присетува дека во тој миг се свртела кон филмскиот продуцент со којшто разговарала во моментот и тој ѝ објаснил дека станува збор за опојни супстанци кои им се делат на присутните за да учествуваат во оргијата, која требало да започне тогаш.

Актерката вели дека тогаш сфатила зошто на почетокот ѝ рекле дека им требаат повеќе девојки. Наводно, додека ја организирале забавата сфатиле дека се потребни повеќе жени за да можат да се вклучат во оргиите.

„Без да одолговлекувам многу, го кренав фустанот и побегнав колку што можам побрзо“ – вели актерката која тврди дека во тој период била невина и немала никакво сексуално искуство.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-04.jpg

Ребел не откри премногу детали за идентитетот на членот на кралското семејство, но тврди дека бил член на Британското кралско семејство и дека бил 15-ти или 20-ти по ред за да го наследи тронот.

Засега не се знае кој член на кралското семејство би можел да биде тој што ја поканил, но познато е дека принцот Ендрју плати милиони фунти за да се спогоди со Вирџинија Робертс која го обвини за сексуално малтретирање и беше поврзан со случајот на осудениот педофил Џефри Епстин.

skandalozni-tvrdenja-na-rebel-velson-chlen-na-kralskoto-semejstvo-me-pokani-na-orgija-vo-posluzhavnik-delea-tableti-07.jpg

Исто така и принцот Хари во своите мемоари призна дека во младоста често му се случувало да консумира опојни супстанци, како печурки, кокаин и канабис.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Кети Пери со рогови, Лорен Санчез ги покажа облините во фустан од кристали - Како Џеф Безос го просл... Како ќе се облечете ако имате можност да одите на роденденската забава на еден о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg