Онколог откри каква ужинка јаде неколку пати неделно за да го намали ризикот од рак

Точка

08/04/2024

10:25

5.650

Големина на фонт

а а а

Ужините се одличен начин да го нахраниме телото помеѓу оброци. Со јадењето на вистинските грицки можете да го намалите ризикот од рак. Американскиот институт за истражување на ракот и Светскиот фонд за истражување на ракот проценуваат дека 30 до 40 проценти од видовите ракови можат да се спречат со исхрана и вежбање. Затоа, многу зависи по што ќе посегнеме кога ќе нè фати глад.


За среќа, онкологот Д-р Лори А. Алфонс ја откри својата омилена ужинка која ја задоволува желбата за грицкање и дури може да го намали ризикот од рак.

Кога Д-р Алфонс ќе посака попладневна ужинка, таа посегнува кон мешани јаткасти плодови. Омилени и се бадемите, индиските ореви и лешниците. „Овие грицки се неверојатен извор на протеини и ја пополнуваат енергијата за време на попладневниот умор“ кажа таа.


Јаткастите плодови се одличен извор на протеини

Според студија од 2023 година, јадењето 28 јаткасти плодови дневно (приближно еден грст) го поврзаа со намалување на ризикот од смрт со рак за 21 процент. Тоа затоа што јаткастите плодови се добар извор на биоактивни соединенија кои помагаат да се намалат воспалувањата и да се спречи формирање или репродукција на канцерогените клетки.

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, влакна, витамин Е и фолна киселина, сите хранливи материи кои играат во улогата за превенција на ракот.


При купување на јаткасти (јаткасти) плодови, Д-р Алфонс советува да ги избираме тие што се без сол или шеќер. Ако сакаме да дадеме малку вкус на плодовите, можеме да ги зачиниме со различни зачини како што е рузмарин, мајчина душица, копар или куркума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг