01 Февруари, 2025
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: САД ги прекинува исплатите и за македонскиот невладин сектор за најмалку 90 дена

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

САД ГИ ЗАПИРА ИСПЛАТИТЕ И ЗА МАКЕДОНСКИОТ НЕВЛАДИН СЕКТОР

Амбасадата на САД од утрово ги информирала сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена.

Ваквото барање беше студен туш за сите што веќе работат со амбасадата, бидејќи очекувањата беа дека наредбата ќе се однесува за новите проекти, а не за тековните.

СТОИЛКОВИЌ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД УНИШТЕНОТО БМВ

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ, објави фотографии од БМВ-то кое му припаѓало на Министерството за политички систем, вредело 60.000 евра, но било „демонтирано“ на сервис, каде било пронајдено.

Тој претходно посочи дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот. 

ОБВИНИТЕЛКАТА КРСТЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО

Обвинителството има преземено доволно дејствија, сите наводи на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се неосновани, изјави јавната обвинителка Жаклина Крстевска. 

Според Крстевска, очигледно е дека обвинетиот Љупчо Палевски поднесеното барање за изземање го искористи да ги изнесе сите свои наводи кои што начелно му одат во поткрепа на негова одбрана. 

И БОСАНЦИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ САКААТ ДА ГИ БОЈКОТИРААТ ТРГОВЦИТЕ

Oткако Хрватите пред неколку дена ги бојкотираа трговците поради високите цени, сега и Црногорците повикуваат на бојкот на продавниците во петок.

Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат сите супермаркети и продавници во државата, објави Кафе дел Монтенегро.

Тие велат дека цените се исклучително високи и дека водечките трговски ланци, договарајќи ги меѓусебно цените, пресудно влијаат на тоа граѓаните да не го почувствуваат зголемувањето на платите и пензиите.

„Можеме ли тој еден ден да ја оставиме политиката на страна, да не се делиме, сите да бидеме едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме?“, прашува Алтернатива Црна Гора.

Најавена е таква акација и во Босна и Херцеговина(БиХ) за петок.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дури и од увидот во структурата на табелата која содржи само приходни ставки секој ќе се запраша што работи оваа државна фирма затоа што речиси ниту една од ставките нема директна врска со дејноста...

На прсти можат да се избројат моќните приватни компании во земјава кои можат да му конкурираат со своите профити на Јавното претпријатие за државни патишта, кое, за волја на вистината, може да се пофали и со неколку усшено реализирани проекти и пуштени во употреба патишта во изминатиов период.


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-НП: Граѓаните да ги бојкотираат концертите на музичките групи од поранешна Југославија

ВМРО-НП: Граѓаните да ги бојкотираат концертите на музичките групи од поранешна Југославија

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се тресеше Скопје

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се тресеше Скопје

„ОБОЈ ГО БЕСКРАЈОТ ДРАГА ФРОСИНА“: Најпознатата Македонка од светот на модата, Сани за трагично загубениот живот

„ОБОЈ ГО БЕСКРАЈОТ ДРАГА ФРОСИНА“: Најпознатата Македонка од светот на модата, Сани за трагично загубениот живот

НЕ САМО ШТО ИЗБЕГАЛ ВОЗАЧОТ, ТУКУ ИЗБЕГАЛ И ПОВРЕДЕНИОТ ПЕШАК ОД БОЛНИЦА: Случајот уште се истражува

НЕ САМО ШТО ИЗБЕГАЛ ВОЗАЧОТ, ТУКУ ИЗБЕГАЛ И ПОВРЕДЕНИОТ ПЕШАК ОД БОЛНИЦА: Случајот уште се истражува

УШТЕ СЕ БАРА МЛАДИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Исчезна во четвртокот откако дал отказ

УШТЕ СЕ БАРА МЛАДИОТ МИЛЕ ТОДОРОВ: Исчезна во четвртокот откако дал отказ

ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВИКЕНДОВ, А ЛАДЕН БРАН ОД ЕВРОПА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА: Сув студ не чека од понеделник

ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВИКЕНДОВ, А ЛАДЕН БРАН ОД ЕВРОПА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА: Сув студ не чека од понеделник

КОЈА Е ДОКТОРКАТА ШТО ДОБИ ОТКАЗ ОД „КОЗЛЕ“ – „ЗАГРОЗИ ЖИВОТ НА ДЕТЕ:“: Симоновска со детали

КОЈА Е ДОКТОРКАТА ШТО ДОБИ ОТКАЗ ОД „КОЗЛЕ“ – „ЗАГРОЗИ ЖИВОТ НА ДЕТЕ:“: Симоновска со детали

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Протести имаше во Скопје и Неготино поради прегазувањето на Фросина Кулакова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Протести имаше во Скопје и Неготино поради прегазувањето на Фросина Кулакова

ТАТКОТО НА ФРОСИНА: Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми

ТАТКОТО НА ФРОСИНА: Ова наше правосудство е коренот на сите наши проблеми