Русија ги зголемува царините за пиво од „непријателските земји“

Руската влада денеска ги зголеми царинските стапки за пиво од „непријателските земји“, соопшти прес-службата на руското Министерство за индустрија.

Царината ќе се зголеми од сегашните 0,04 евра на 0,1 евро за литар или за 10 евроценти, пренесе ТАСС.

Министерството додава дека „оваа мерка не е забрана и ќе овозможи израмнување на конкурентните услови за руските производители“.

Според истиот документ, увозните давачки се зголемени и за готови производи што содржат какао, како и за палта, тапети и патенти со потекло од Литванија, Латвија или Естонија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното