Македонија
24. March 2024 - 17:07

Алиу: Каква Европа, ние за дигитализација не може да се мериме ни со земјите од регионот

Ние воопшто не треба ни да размислуваме за Европа бидејќи ние се уште сме далеку од земјите во регионот, кога станува збор за степенот на дигитализација, вели за Детектор, екс министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу

„Ние сме се уште многу далеку, за жал не само од развиените земји од Европа и светот, ние за жал сме далеку и од земјите во регионот. Бројките таму се минимум 15% поголеми од нашите од аспект на подобрување и услуги кои што ги користат граѓаните, но мислам дека е добар почеток и мислам дека со законите кои треба да се изгласаат во нашето Собрание, дигиталниот еко систем во државата очекувам да се подобри “ – вели Алиу за Детектор