Муцунски на фејсбук: Добро утро победнички Аеродром, победничка и силна Македонија!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски упати благодарност до сите кои гласаа за професорката Силјаносвак Давкова на вчерашните избори. 

Сподели дека победата е убедлива и во скопски Аеродром. 

Добро утро победнички Аеродром, победничка и силна Македонија!

- Со повеќе од 21 илјади гласови за ВМРО ДПМНЕ и помалку од 9 илјади гласови за СДСМ, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ вчера постигна историска и убедлива победа во Аеродром. Благодарам на сите вас кои ја препознавте визијата на ВМРО ДПМНЕ и застанавте зад политичката партија која во изминатиот период покажа дека Аеродром може да биде убава и модерна општина што забрзано за развива, порача Муцунски. 

- Ајде заедно, силни и сплотени до двојна победа во вториот круг. За горда Македонија со Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова - Претседател и Македонија повторно твоја со силна и реформска влада предводена од претседателот на ВМРО ДПМНE Христијан Мицкоски.  Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Република Македонија! - објави Муцунски.