Нов случај „Нејмар“: ПСЖ нуди 200 милиони евра за фудбалер на Барса

Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен ја одреди замената за Килијан Мбапе, а тоа е младиот 17-годишен играч на Барселона, Ламин Јамал.

Оваа вест денеска ја објави весникот „Ла Паризиен“ кој тврди дека ПСЖ е подготвен да испрати понуда вредна дури 200 милиони евра за потписот на големиот фудбалски талент.

Тренерот на Барса, Луис Енрике е воодушевен од талентот и квалитетите кои ги поседува Јамал ​​и верува дека е вистинско засилување кога Килијан Мбапе ќе си замине на лето.

Луис Енрике после реваншот со Барса: Чекаме господинот Мбапе да се огласи

Јамал ​​е дете на Барселона и сака да остане во клубот, но ПСЖ ќе стапи во контакт со неговите агенти.

Очигледно, доколку Јамал ​​даде зелено светло, ПСЖ ќе испрати и официјална понуда на адреса на каталонскиот гигант.

Воедно, оваа вест веднаш ја прокоментира и новинарот Тони Хуанмарти, кој тврди дека Јамал ​​воопшто не размислува за заминување и дека сака да потпише нов договор, кој и формално ќе биде потврден на лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот