Kia Soul „лета“ во воздух по удар од тркало од Chevrolet Silveradо

Страшна сообраќајна несреќа која потсетува на сцени од филмовите се случила на автопат во близина на Лос Анџелес, Калифорнија.

Камерата поставена во Tesla автомобил го снимила моментот кога предното лево тркало се откачува од Chevrolet Silveradо, а потоа удира во модел Kia Soul кој доаѓа од позадина.

Автомобилот на Kia е буквално катапултиран во воздух по ударот, за потоа да се изврти и на крајот повторно да заврши на тркала.

Видео од несреќата е објавено на Twitter, а возачот на Tesla кој го снимил тврди дека возачот на Soul излегол од автомобилот и не е тешко повреден.