Николовски: Да не помислуваат на поткуп на гласачи

Да не помислуваат на поткуп, нашата цел е јасна што поголема поддршка за СДС и ДУИ да одат во опозицијата. И ние сме убедени дека граѓаните ќе ни дадат огромна поддршка за да го реализираме ова, се со цел после тоа да воведеме функционален систем на правото, економски да ја развиваме Македонија, да ги подобруваме условите во образованието, во здравството, пензиите да растат, а младите да имаат подобра иднина во Македонија. - изјави Александар Николовски носител во изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ.