Муцунски: Изборите, генерално поминаа мирно со мали нерегуларности

Изборниот ден помина во генерално мирна атмосфера со низа мали прекршувања предизвикани од партиите на власт. Ова на денешната прес конференција го истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој истакна дека забележани се притисоци при гласање, случаи за семејно и колективно гласање.

„На неколку изборни места во втората изборна единица нотирани се нефункционалности, како немање печат и слично“, истакна Муцунски и додаде дека партијата ќе реагира за сите овие нерегуларности кои ќе се добијат во текот на вечерта.

Муцунски на крајот од денешната прес конференција потенцираше дека овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќање на Македонија повторно на народот, процес кој ќе ја направи Македонија повторно горда.