Кои ќе бидат последиците за Македонија од руско-украинската криза?

Замрзнати депозити на руски олигарски во европски банки, европското небо се затвори за руските авиокомании, финален удар за руската централна банка. До сега невидени драконски санкции од Европската унија за Русија. Путин го кажа она од што се плаши светот и нареди готовност на нуклерните сили. Дали не дели чекор од Трета светска војна? Судбината на Киев ќе ја исцрта судбината на Европа, на светот. Искра надеж во најавените преговори меѓу Киев и Москва. Ако има договор за крај на војната, која ќе биде политичката цена? И Русија и Европската унија ќе се соочат со криза, енергетска, гасна, финансиска, ценовна. Македонија, кои ќе бидат последиците. Каква е воената подготвеност на нашата арамија?

Одговорите од Славјанка Петровска министерка за одбрана, Андреј Жерновски поранешениот заменик министер за надворешни работи, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, магистер по меѓународни односи и Никола Дујовски универзитетски професор.