Над две илјади вработени во Македонски шуми протестираат за исплата на две заостанати плати

Безмалку три  часа беше блокиран сообраќајот на булеварот Климент Охридски во Скопје. На овој начин вработените во Македонски шуми го изразија револтот поради неисплатените две плати.  Срамно е во XXI век да се моли за одработената плата велат тие, најавувајќи радикализација на протестот во наредните денови.

Од синдикатот велат дека во ова претпријатие 1800 вработени не можат да си ја добијат платата, поради оние предизборни вработувања кои ги имало во Национални шуми, станува збор за 355 ангажирани луѓе, што значи уште 355 плати повеќе поради што страдаат регуларно вработените.  

 

На протестот имаше претставници од 30 подружници на Национални шуми. Со порака до менаџментот да не се вадат на тоа дека зимскиот период БИЛ  тежок. Синдикалците со најава дека протестот ќе се радикализира пред Влада со заокружвање на меѓународниот ден на трудот први мај, но не само тие од Национални шуми ТУКУ ДЕКА  ќе бидат се побројни и погласни, а особено вработените во јавниот сектор, бидејќи врие и во Паркови и зеленило, во Комунално, во Водовод, Водостопанство, Македонски пошти, кај културните работници каде односно насекаде каде вработените велат дека земаат мизерни плати.