СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа
Објавено во: Балкан 28 Март, 2024
Србија бурно реагира затоа што станува изнесно дека Косово ќе влезе во Советот на Европа.
Косово доби поддршка и од Грција за прием во Советот на Европа. Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи го поздрави усвојувањето на извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани.
„Мило ми е што можам да ја поздравам денешната одлука на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го покани Косово да стане членка. Успешното гласање резултираше со 31 глас „за“ и четири „против“, објави Османи на социјална мрежа „Х“.
Основачот на Социјалистичкото движење – Александар Вулин денеска изјави дека со приемот на Косово во Советот на Европа, Европската Унија(ЕУ) покажала дека не се грижи за Србија.Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија не е „експериментално тело“ и на неа постојано да се крши меѓународното право.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај го поздрави усвојувањето на извештајот на Комитетот за политика и демократија на Советот на Европа за Косово, со кој земјата се приближува до членство во Советот на Европа.