Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Блејк Лајвли скокна преку јаже на изложба за да го поправи раскошниот фустан што го носеше на балот МЕТ

Блејк Лајвли скокна преку јаже на изложба за да го поправи раскошниот фустан што го носеше на балот МЕТ

Блејк Лајвли имаше интересен момент додека посетуваше изложба во Кенсингтонската палата, каде беше изложен и фустанот кој го носеше на балот МЕТ во 2022 година.

35-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ скокна преку заштитното јаже за да ја поправи раскошната креација од Версаче.

„Кога си кловнот кој скока преку јажето во музејот за да ја поправи изложбата“ – се пошегува Блејк.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли

„За да можете да видите каква беше трансформацијата“ – објасни таа за својата постапка во видеото кое го сподели на Instagram.

Појавувањето на Лајвли на балот МЕТ во 2022 година привлече огромно внимание. Таа си го трансформираше фустанот од Версаче пред очите на присутните.

Мет гала 2022 Мет гала 2022

Креацијата, инспирирана од Статуата на Слободата, и накитот кој го носеше таа се дел од 200 други парчиња изложени во поранешниот дом на принцезата Дијана.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли

„Ова беше апсолутно надреално. Да ја видам во Кенсингтонската палата оваа круна што ја направивме... Ова е нешто што нема да го заборавам“ – напиша Блејк.

Блејк Лајвли Блејк Лајвли Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23546 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.