Касандра ќе игра со Милош Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Познато е и која улога ќе ја добие

Кораима Торес / Милош Биковиќ / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Кораима Торес, актерката позната по животната улога на Касандра во истоимената серија, одбележа еден период и ги освои срцата на гледачите кога ја глумеше познатата улога.

Латиноамериканската актерка неодамна изјави дека би сакала да снима филм со популарниот српски актер Милош Биковиќ, па продуцентите одлучиле да ѝ понудат улога која не се одбива.

– Продуцентите на „Јужен ветар“ сакаат во својата екипа да имаат и светски познати актери. Па така, во првата сезона се појави италијанскиот актер Пасквал Еспозито, а во втората холивудските ѕвезди Вилијам Болдвин и Ерик Робертс. Преговорите со познатиот дански актер Мадс Микелсен за третата сезона се во тек, а на списокот неочекувано се појави уште едно име – Кораима Торес! – вели извор близок до продукцијата на „Јужен ветар“ за српски „Информер“, па додава:

– Откако Касандра изјави дека би сакала да игра со Биковиќ, продуцентите планираат и нејзе да ја вклучат во филмот. Ако сè оди според планот, Касандра треба да глуми водач на криминален клан од Јужна Америка! Секако, ќе има сцени и со Биковиќ, но деталите за сценариото засега не смеам да ги откријам. Потпишувањето на договорот зависи од нејзините обврски.

Инаку, неодамна српските медиуми се распишаа дека Касандра слуша српска музика и гледа српски филмови.

– Сонувам да се вратам во Србија! Бев многу среќна додека бев во Србија, тоа ми е еден од најдрагите спомени во мојот живот. Луѓето беа љубезни, внимателни и полни со поддршка. Ја ценам љубовта која во деведесеттите години ја добив од вас, ја чувам во срцето и до ден-денес – рекла убавата актерка.

На спомнувањето на Милош Биковиќ таа се одушевила: „Секако дека сум слушнала за Биковиќ, би сакала да снимам филм со него!

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот