Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Гласачка кутија - Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од дијаспората, а втор по број на гласови е Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ – 185 гласови.

Потоа следува кандидатот на ДУИ, Бујар Османи со 182 гласови, Билјана Ванковска кандидатката на Левица доби 158 гласови, Максим Димитриевски кандидатот на ЗНАМ – 66 гласови, Арбен Таравари на Алијанса за Албанците – 37 гласови и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски доби 18 гласови.

Дијаспората, болните и изнемоштени лица и затворениците гласаа вчера. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се евидентирани 2.569 избирачи, како и 191 член членови и заменик членови на избирачките одбори кои спроведоа гласање во ДКП-та.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот