Навивач на Хофенхајм поради фрлена петарда на стадион осуден на тригодишна затворска казна

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Навивач на Хофенхајм доби тригодишна затворска казна затоа што на натпреварот во ноември 2023 година на натпреварот помеѓу Аугусбург и Хофенхајм со петарда повредил десетина луѓе. Помеѓу повредените во таа ситуација имало и деца.

28-годишниот навивач поради еден непромислен потег ќе мора да помине дури три години зад решетки.

„Тоа не беше нормална употреба на пиротехника на стадионот. Поради тој инцидент и 26.000 луѓе на стадионот стравуваа од терористички напад“, изјави судијата Кристоф Керн при изрекувањето на казната.

Натпреварот поради инциденеот беше прекинат извесно време додека се укажуваше помош на повредените. Навивачот во судот неколку пати се извинил, но тоа не му помогнало да се спаси од затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот