Фудбалерот од средниот ред на Барселона и холандски репрезентативец Френки де Јонг ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на скочниот зглоб, пренесува денеска ЕСПН.

Во вчерашното Ел Класико во рамки на 31. коло во Ла Лига во кое Барселона загуби од Реал Мадрид (2:3), Де Јонг беше изнесе од теренот на носилки во финишот на првото полувреме и заменет со Педри.

Според проценките, Де Јонг ќе се закрепне до почетокот на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија и ќе може да се најде во составот на холандската репрезентација. Холандија на ЕУРО2024 е во група со Франција, Полска и Австрија.

Оваа сезона 26-годишниот Де Јонг одигра 30 натпревари и постигна два гола.


Администратор
23/04/2024 04:46