[ФОТО] Француски шик: Првата дама на Франција го бодрела Макрон во досега невидено модно издание

Точка

26/04/2024

14:00

7.804

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Франција досега не сме ја виделе во вакво необично модно издание.

Вистинската амбасадорка на францускиот шик, Брижит Макрон, им одржува лекција за стил на сите жени.

Вчера Брижит Макрон имала необично појавување на фудбалски стадион поради причина која ѝ е особено блиска до срцето.


Првата дама отишла на стадионот Бернард, за да го охрабри својот сопруг Емануел.

Емануел Макрон на терен одиграл хуманитарен фудбалски натпревар за клубот во друштво на други поранешни фудбалери.

За ова појавување Брижит избрала да носи лежерен и удобен стил составен од рамни фармерки и црн капут со потпис на брендот „Louboutin“, а носела и црни чизми.


За да го надополни својот изглед и да се соочи со студеното време, поранешната наставничка по книжевност одлучила да носи и сина ролка и пар црни ракавици.


Ви се допаѓа ли нејзината модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг