ЧЕТКАР ЌЕ СНИМА НОВ АЛБУМ ВО АМЕРИКА И ЌЕ НАСТАПИ ВО ЊУЈОРК И ДЕТРОИТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 26 април, џез-гитаристот Владимир Четкар ќе одржи концерт во клубот „Челзи тејбл“ во Њујорк со своја авторска музика и аранжмани, а гостин ќе му биде диско музичарот Ди Си Лару. На 3 мај Четкар ќе настапи во Детроит.

По настапите во САД, музичарот од Охрид ќе свири во Скопје, во клубот „Мош“ на 18 мај.

Во Амeрика, Четкар ќе го доврши снимањето на неговиот нов студиски албум, кој ќе биде промовиран оваа година.

Овој месец ќе се промовира и нов ремикс на музика од Четкар. Ремиксот е направен во Виена од диџејот и продуцент Маникс Килинг за шесната „Сѐ за тебе“ (All For You). Ова е трет ремикс на авторска музика на Владимир Четкар кој ќе биде издаден во последнава година.

(Фото: Фејсбук)