Македонските програмерки ги разбиваат стереотипите зад компјутерите

Фото: Pexels/ andrea piacquadio

Застапеноста на девојките студенти на ИТ студиите е на високо ниво, споредбено со поголем број ЕУ држави, при што над 50 отсто од студентите кои студираат природни науки, математика и информатика, како и инженерство, производство и градежништво се жени. Сепак, најголем број студентки на ИТ студиите на УКИМ, можете да сретнете на ФИНКИ, каде сочинуваат вкупно 39 отсто од сите студенти на факултетот, посочи Антони Пешев, извршен директор на СКСМ, кој и самиот доаѓа од ИКТ бизнисот, честитајќи го интернационалниот ден на Девојките во ИКТ.

-Како Комора со низа активности работиме за да ги разбиеме стереотипите дека не постои машка и женска професија, туку се зависи од интересите и можностите на личноста. ИКТ е една од најбрзо растечките индустрии, но и најпросперитетна професија на денешницата. За ова зборува и фактот дека се повеќе луѓе се решаваат за квалификација, но и преквалификација во професии во оваа сфера, што во значајна мера е присутно и во нашата земја. Светот на технологијата се менува многу брзо и во наредните пет години Македонија ќе мора да се адаптира за да не заостанува, бидејќи се повеќе ќе се применува вештачката интелегенција – предупреди Пешев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот