• Горан Упале

„Ќе ги „скршиме“ на теренот, а ако треба и надвор од него“, изјави Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација, во пресрет на новото соочување со Аргентина во квалификациите за Светското првенство. На крајот тоа не се случи, бидејќи Аргентина убедливо го совлада Бразил со 4-1.
Аргентинците по победата на теренот, не пропуштија да им дадат до знаење на Бразилците дека ја слушнале изјавата на Рафиња, што го направи и онака лутото ривалство да биде уште пожестоко на овој натпревар. Судијата покажа дури десет жолти картони, а на теренот имаше многу турканици и вербални расправии. На пример, Родриго му викаше на Леандро Паредес дека е „страшен“, а тој му одговори: „Имам две Копа Америка и Светско првенство, вие немате ништо“.
Не е изненадувачки што сето тоа кулминираше на крајот од натпреварот, кога Рафиња се упати кон соблекувалната. Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез намерно го удри Рафиња со рамо, а беше испровоциран и од Паредес. Асот на Барселона не остана имун и реши самиот да се соочи со нив, но останатите бразилски играчи го разделија пред да дојде до физичка пресметка.
Raphinha leaving the pitch with Argentina players around him. pic.twitter.com/nYMt0hmlPX
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 26, 2025
Аргентина благодарение на одличните квалификации веќе се пласираше на Светското првенство, кое следната година се игра во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.