Хана Вадингем буквално блескаше на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес.
49-годишната актерка, која беше и водителка на Евровизија 2023, носеше црвена креација од Тони Вард, која ја надополни со специјален моден додаток – чанта од картон направена од нејзината 9-годишна ќерка.
Хана, која е самохрана мајка, гордо ја носеше картонската чанта додека пристигнуваше на свеченоста.


„Ќерка ми сакаше да придонесе, па ми направи чанта“ – рече Хана пред камерите. „Сето ова е одлично, но ова (да се биде мајка) е најважно“ – додаде таа, зборувајќи за мајчинството со новинарка.



Ќерката на Хана страда од автоимуно нарушување наречено Хенох Шенлајнова пурпура кое предизвикува воспаление на малите крвни садови.
Во коментарите, ѕвездата од „Ted Lasso“ доби бројни комплименти од фановите.
„Вака се сака сопственото дете, без да се грижиш за туѓото мислење“.
„Скапоцено! Мило ми е што мајката избра да ја носи“.
„Ова е најслаткото нешто досега“.
„Најдобрата чанта која некогаш во животот сум ја видела на црвениот тепих“.
„Вака им ја покажуваш на твоите деца поддршката во нивните креативни заложби. Одлична работа, мамичке“.
„Најслаткиот гест и неспоредлива самодоверба“ – се само дел од коментарите.
Хана беше номинирана во категоријата Најдобра изведба од актерка во серија комедија, но не ја доби наградата.




