Христов за „Студио 10“: Околу 70.000 луѓе во Македонија имаат два-три оброка неделно

Луѓето имаат потреба од храна. Околу 70.000 луѓе во Македонија имаат два-три оброка неделно. Најголем број од оваа популација се деца. Најпогодени се сиромашните и социјално загрозените категории граѓани. Можеби конечно и ќе се освестиме дека мора да го промениме пристапот и односот кон храната, со оглед дека огромни количини храна, на годишно ниво завршуваат во депонии, а можат да завршат на нечии трпези и да нахранат многу гладни усти, вели за „Студио 10“ Душко Христов, претседател на Банка за храна.

Високите цени на храната не ја поштедија ниту земјава. Тие агресивно го гризат оброкот на овие категорија граѓани и во прашање ја ставаат нивната животна егзистенција, вели Христов.

-Нашата мисија е возможна ако како општество се освестиме. Нашата мисија е нула глад и нула загуби во храна. Тоа го акцентираме што како општество треба да го практицираме.  Храната што се фрла може да нахрани околу 15.000 семејства. Работите мора да се кажуваат со вистински зборови, вели Христов.