08 Мај, 2024
0.0275

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

Објавено во: Економија 27 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Експерти од повеќе области од неколку земји дебатираа на тема „Прекумерен раст или страв од подемот на Кина“ во четвртата емисија од серијалот Global South Voices што се емитуваше на водечкиот телевизиски канал CGTN.

Според Мушахид Хусеин Сајед, претседател на Комитетот за одбрана на пакистанскиот Сенат, кој всушност беше и водител на емисијата, терминот „прекумерен капацитет“ во последно време постојано се употребува, особено фокусирајќи се на проширувањето на кинеското производство во нови сектори како што се електрични возила (ЕВ), литиумски батерии и соларни панели. Ваквиот став, како што рече тој, сугерира дека загриженоста на Западот за нивната конкурентност во овие индустрии ги наведува да ги означат растечките индустрии во Кина како прекумерен капацитет што би го попречил нивниот напредок.

Акдас Афзал, професор по економија на Универзитетот Хабиб, во Карачи, рече дека постојат две причини зошто овој термин е присутен.

„Мислам дека постои загриженост кај одредени западни земји поради ѕвездениот и експоненцијален, неверојатен економски раст на Кина, тоа е првата причина, а втората е од политичка природа, бидејќи ова е изборна година во САД. Затоа и не може да се одвојат она што се случува во однос на политичките искази што доаѓаат од САД и домашната политика“, рече економистот Афзал.

Во однос на напорите за сузбивање на климатските промени и „зеленото производство“, норвешкиот политичар, Ерик Солхајм, и поранешен шеф на Програмата на ОН за животна средина и претседател на Институтот Зелен појас и пат, истакна дека на Кина треба и се оддаде признание, наместо да биде критикувана. Говорејќи на оваа тема, тој, исто така, ја пофали Кина за „намалувањето на цените“ во земјите во развој во однос на користењето зелена технологија.

Според Кох Кинг Ки, претседател на Центарот за нова инклузивна Азија, подемот на Кина отвора многу можности за целиот свет.

„Кина е незапирлива во развојот на зелената технологија и носењето опипливи придобивки за оние неразвиени региони ширум светот. На светот му е потребна Кина во овие индустрии. Ние сме од “глобалниот југ“ се радуваме што Кина што произведува (повеќе) евтини стоки“, нагласи Ки во дебатата.

Како што оцени пак, Чен Кси, основач на Harbour Overseas, САД треба да се приклучат на пазарната конкуренција и да го користат кинескиот синџир на снабдување за да соработуваат, за да обезбедат подобра опција за да се дојде до зелена економија и да се прилагодат на климатските промени на глобално ниво.

Од Пекинг, Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување