Танушев за ТВ 24: И во политичките партии има поедници кои имаат интереси за рудникот да се отвори

Ѓорѓи Танушев советник од „Стига е“ и „Здрава котлина“ во емисијата 24 Отворено рече има работи кои може да бидат подобри, но она што треба некој да го реши, не го решил.

- Седум години се бориме, протестираме и секој процес е се помасовен, а рудникот уште стои поради корупција. Наместо да се постапи по законите, ние дозволуваме корумпирани судии кои претходно биле избркани од американската амбасада да влијаат секогаш на одлука виш управен суд и да ја враќаат постапката. Знаеме дека и во политичките партии има поедници кои имаат интереси за рудникот. Кога ќе се ослободиме од сите тие лоши навиви, тогаш ќе имаме глас не само на избори, туку и во сите денови во мандатите. Оваа сплотеност што ја има во Струмица, граѓаните и членовите на партиите едногласно се против рудникот. - вели Танушев.