Луксуз во длабочините на океанот: Подводен хотел во кој ноќевање чини 19.000 евра

Под островот Рангали, пет метри под површината на Малдивите, се наоѓа архитектонско чудо. Хотел со пет ѕвезди каде едно ноќевање чини 19.000 евра.

Спална соба која потсетува на аквариум, со поглед на длабочините на океанот и живиот свет во него. До луксузниот комплекс се стигнува со хидроавион или брод, пишува РТС.

Најскапата подводна хотелска соба во светот на гостите им нуди прекрасен поглед на Индискиот Океан.

„Малдивите се познати по своите неверојатно убави плажи и кристално тиркизна вода. Погледот на океанот го одзема здивот. Но, тоа е само половина од убавината на Малдивите. Другата половина постои под вода. Подводен екосистем кој треба да им се покаже на посетителите без нуркање во морето“, изјави архитектот Јуџи Јамазаки.

Локалниот архитект Ахмед Салим се здружи со њујоршката фирма Јуџи Јамазаки за да го дизајнира проектот Мурака, кој е дизајниран да биде луксузна вила за одмор во одморалиштето Конрад Малдиви на островот.

Целиот проект е дизајниран од Мајк Марфи, инженер и експерт за технологија на аквариуми.

Вилата е изградена како дуплекс. На горниот кат, кој е на ниво на морето, има дневна, трпезарија, три спални соби и кујна. На долниот кат е уште една спална соба која е под вода и целата во стакло, со поглед на океанските води. Опкружен е со дебело стакло и акрилни ѕидови.

„Внатрешниот дизајн и голем број детали во вилата беа инспирирани од луксузна авионска кабина. „Секој милиметар од ентериерот е внимателно дизајниран, измерен, модулиран и вграден во просторот“, рече Јамазаки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното