НАТО ги осуди зголемените руски воздушни напади во Украина
НАТО Алијансата по денешниот состанок на Советот НАТО-Украина, свикан на барање на Киев силно ги осуди зголемените руски воздушни напади врз Украина. Оттаму велат дека ја потврдуваат својата посветеност за дополнително зајакнување на украинската одбрана.
Состанокот бил на ниво на амбасадори, а со него претседавал заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана. Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров се приклучил на состанокот преку видео конференција.
„Континуираните напади на Русија против цивили и критичната инфраструктура во Украина ја покажуваат итната потреба да продолжиме со нашата поддршка. Сојузниците обезбедуваат значителна воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина“, стои во соопштението.
Франција наскоро ќе испрати дополнителни количества хаубици, а неколку земји од пактот се приклучија на иницијативата за обезбедување дополнителни 800.000 артилериски гранати. НАТО формира центар за анализа и обука во Полска каде што украинските сили ќе можат да тренираат заедно со сојузничките трупи, се вели во соопштението на Алијансата.