Првото „паметно” огледало за ментална благосостојба

16.01.2024 15:04
Првото „паметно” огледало за ментална благосостојба

Пионерот на секојдневната здравствена технологија, технолошката компанија „Баракода”, неодамна го претстави BMind, првото паметно огледало во светот за ментална благосостојба со вештачка интелигенција, кое делува како здравствен придружник способен да го идентификува расположението и да помогне во справувањето со стресот.

Изграден на основа на новата генерација софтвери за паметни огледала од платформата CareOS, BMind обезбедува персонализирани препораки и искуства базирани на менталната состојба на корисникот, како дел од беспрекорно, недопирливо искуство со препознавање гестови, гласовна команда и детектирање на намерите на корисникот. Технологијата на BMind неодамна беше препознаена како квалитет со наградата која ја доби на Саемот за потрошувачка технологија во Невада, САД, во категоријата „паметен дом”.

Управувањето со стресот, смирувањето на анксиозноста и намалувањето на несоницата бараат сојузник кој ќе им помага на луѓето да одржат позитивен начин на размислување и кој поттикнува проактивен пристап кон благосостојбата. За разлика од телефонските апликации, BMind беспрекорно се вклопува во сечија бања, овозможувајќи им на корисниците да ја проценат својата ментална состојба и да изберат препорачани вежби и активности за да го подигнат расположението.

BMind собира информации без користење на инвазивна технологија и им помага на корисниците да внесат позитивни промени во секојдневните рутини, дури и да го минимизираат чувството на осаменост преку извонредно искуство со користење на соодветна светлина, звук и визуализации.

BMind користи вештачка интелигенција за разговори и искуства со тренери, како и процесирање природен јазик за анализа на чувствата. Идентификува различни чувства и се прилагодува на расположението на корисникот обезбедувајќи сесии со светлосна терапија и персонализирани, автоматски генерирани вежби за насочување на вниманието, како што се медитација и самоафирмации. Преку интерфејсот на CareOS, BMind ја користи врвната вештачка интелигенција (AI) и Computer Vision и Large Language Models за интерпретација на изрази, гестови и јазик.

BMind е изграден на CareOS, оперативен систем кој им овозможува на производителите да создаваат и напојуваат паметни огледала побрзо од кога било досега, и да го претворат секој екран во паметно огледало. Исто така, им овозможува на провајдерите да ги поврзат своите апликации за прикажување во интерфејсот на огледалото.

Помеѓу четириесетте провајдери кои веќе се компатибилни со CareOS, BMind се партнери со ThrivePal, тренер со вештачка интелигенција, кој создава нарачани програми за персонализирано самоподобрување, и Inclusive Brains, комерцијална комбинација на генеративна вештачка интелигенција и неврофизиологија која може да ги поттикне уредите да чувствуваат и да се приспособат на тоа како луѓето се чувствуваат во реално време. CareOS е дизајнерска платформа за приватност која локално ги чува здравствените и личните податоци и никогаш не ги споделува без експлицитно барање и согласност на корисникот.

„Технологијата која може да прави мониторинг за суптилни промени во здравјето има потенцијал да го подобри квалитетот на милиони животи“, вели Томас Сервал, извршен директор на компанијата „Баракода”.

„Нашата ментална состојба има силен ефект и врз нашето чувство за физичка благосостојба. Вклучувањето на расположението во нашите секојдневни проверки на здравјето создава поцелосна слика што претставува моќен чекор кон редефинирање на превентивното здравје”.

Извор:https://www.prnewswire.com

ОкоБоли главаВицФото