ФОТО | Иванишевиќ се огласи по прекинот на соработката со Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Новак Ѓоковиќ денеска го изненади тенискиот свет со објавата за разделбата со тренерот Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ одлично соработуваше со Иванишевиќ кој во неговиот тим се придружи во 2019 година во првата недела од Вимблдон. Хрватскиот стратег имаше големо влијание во подбрувањето на сервисот на српскиот тенисер, а со него Новак освои 12 грен-слем турнири.

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше во 2018 година, кога со Маријан (Вајда) сакавме да донесеме некоја ‘сервисна магија’ на нашето дуо. И, не донесовме само сервис, туку и многу смеа, забава, прво место на крајот на годината, многу рекорди и уште 12 грендслем-титули. Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше силно. Шефињо, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам“, гласеше објавата на Ѓоковиќ.

За разлика од него Иванишевиќ без текст само ја сподели објавата на Новак додавајќи два емотикони.

Фото: Screenshot/Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот