Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска-Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот којшто го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
Тој рече, ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено.
„Ги повикивам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска-Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија“, изјави Ковачки.
На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски, потенцира Драган Ковачки.