ФОТО | Влезе во Гинис: Го собори светскиот рекорд гушкајќи 1.123 дрвја за еден час
Абубакар Тахиру (29) од Гана, кој студира шумарство во Алабама, постави светски рекорд за најмногу гушнати стебла, односно дрвја за еден час. Имено, тој прегрнал 1.123 дрвја во Националната шума Таскеги.
За да го постави рекордот, Тахиру морал да ги обвитка двете раце околу секое дрво без да им нанесе штета. Притоа, му било дозволено да го прегрне секое дрво само еднаш.
Тахира постел за Рамазан, додека се обидувал да постави рекорд, што исто така му претставувал уште еден предизвик.
– Тоа што не можев да пијам вода додека го поставував рекордот претставуваше значаен предизвик, особено со оглед на физичкиот напор. Меѓутоа, ова исто така се покажа корисно на некој начин, бидејќи немаше потреба од паузи, што ми овозможи да го продолжам обидот без прекин од почеток до крај – рекол тој во Гинисовата книга на рекорди.
Со просечни 19 дрва прегрнати во минута, Тахиру лесно го надминал минималниот услов од 700 дрвја за да го постави рекордот. Со овој рекорд, тој сака да ја крене свеста за важноста на дрвјата и заштита на животната средина.