Полицијата отвори истрага за инцидентот во кој братот на Јокиќ удри навивач

Фото:Screenshot

Кошаркарите на Денвер беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс во нивниот втор меѓусебен натпревар во плеј-офот од НБА лигата. Сепак, овој натпревар остана во сенка на инцидентот кој на трибините го направи братот на српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, Страхиња.

По една расправија, Страхиња Јокиќ удри бокс на навивач, а целата ситуација подоцна се појави на социјалните мрежи.

Од полицијата соопштија и дека поради овој инцидент е отворена истрага.

„Во овој момент нема поднесено пријава. Го истражуваме инцидентот и активно работиме на идентификација на човекот кој е нападнат. Сакаме да ги охрабриме сите кои биле сведоци и знаат нешто повеќе да се јават во станица“, објави полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nova.rs sport (@nova.rs_sport)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот