[ФОТО] Оваа спална соба со малечок балкон е вистинско пролетно и летно совршенство каде со задоволство ќе го минувате времето

Точка

11/04/2024

15:00

9.851

Големина на фонт

а а а

Започна уште една сезона на балкони и тераси, најдрагиот простор на отворено на којшто сакаме да поминуваме повеќе време во текот на потоплите месеци.

Има многу корисно уредени балкони, а последниот којшто нѐ воодушеви е додаток на една прекрасна спална соба.

Во спалната соба секогаш владее смирувачки, медитерански амбиент, а оваа е уредена во бела боја со додаток на песочни и беж тонови.


Ленената постелнина на просторијата ѝ дава летен амбиент, додека пак дрвената клупичка покрај креветот како и дрвеното столче на просторот му даваат топлина и дополнителен рустикански шарм.

Веднаш покрај собата се наоѓа и бањата, а дел од тој простор може да се види низ отворената врата, додека од другата страна на големиот кревет вниманието го привлекува малиот балкон.

Белата завеса на вратата просторот го прави поромантичен, а многу убаво изгледа и балконскиот под од дрвени греди во сива боја.


На балконот се гледаат триножното столче и белиот плетен стол, но и големиот кактус, па доволно е само од тоа да се стекне мислење дека овој простор е мал рај којшто е создаден за уживање.


Ви се допаѓа ли просторот?




Спонзорирани линкови

Маркетинг