Чоколадото станува луксуз

На светските берзи расте цената на какаото. Големите компании кои проиозведуваат чоколади се соочуваат со потреба од зголемување на цената на 100 грамското чоколадо или дополнително намалување на грамажата. Ова е дополнително важно бидејќи одлуката треба да се донесе пред велигденските католички и православни празници. 

Според последните информации од берзата за овој производ, неговата цена во последниве две години е зголемена за дури 130 отсто.