Симулација на изборните резултати „Ромалитико“: 53 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 25 за СДСМ

53 пратеници на Христијан Мицкоски наспроти 25 на Димитар Ковачевски, ова е симулацијата од НВО Ромалитико на пратенички мандатаи, доколку  партиите го пресликаат резултатот на 8 мај.

Според нивната симулација, Европскиот фронт на Али Ахмети ќе има 19 пратеници, додека  опзоцискиот блок  Вреди 11. Дека антивладиниот бран е почнат анализираат и дел од аналитичарите. Според нив револтот на граѓаните против владата на Ковачевски ја плати кандидатот за претседател Стево Пендаровски. 

Универзитетскиот професор, Мерсел Биљаљи не очекува гласовите на кандидатите кои не влегоа во втор круг да можат во целост да се насочат. Тој во Студио 10 на Тв 24, порача дека гласовите кои ги инкасираше ВМРО-ДПМНЕ не се нивни галсови туку се протестни гласови 

На 8 мај заедно со вториот круг на претседателските избори, ќе се одржат и парламентарни избори дали резулатот ќе се повтори или пак ќе има изненадување, засега е неизвесно. Она што аналитичарите го потенцираат е дебаклот на СДСМ за кој тврдат дека мора да има одговорност и оставки.