Македонија во жолта фаза за опасност од невреме

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм како предупредување за опасност од пообилни врнежи на дожд и услови за невреме, а од полноќ цела Македонија влегува во жолта алармантна фаза.

Според најавите, дожд може да се очекува уште денеска во попладневните часови.

Нѐ чека една прилично врнежлива ноќ а дождот ќе се провлекува и утре во текот на целиот ден. Тоа ќе донесе значително намалување на температурите кои се очекува да паднат за повеќе од 10 степени.