Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј (53) потврди дека ја прекинал својата, како што претходно изјави, „експлозивна врска“ со актерката Фатима Флорез. Популистичкиот лидер како причина за прекин на врската ги наведе неговите и нејзините бројни деловни обврски.
Милеј го објави крајот на љубовта на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер:
„Како резултат на големиот професионален успех што го доживува Фатима, на која сум исклучително горд, доби бројни понуди за работа и во САД и во Европа. Ова, дополнето со сложената задача со која се соочувам и која ми ја доверија Аргентинците, не доведе до тоа да живееме одвоено, и ни оневозможува врска како двојка што би сакале да ја имаме, и покрај тоа колку се сакаме, па решивме да ја прекинеме врската и да одржиме пријателски однос со оглед на тоа колку чувствуваме еден за друг и колку се сакаме, ние се почитуваме и се восхитуваме“, навел претседателот во пораката.
Од друга страна, Фатима Флорез (43) јавно не го коментираше раскинувањето, кое следуваше само неколку дена откако парот беше виден како заедно излегуваат од синагога на Флорида. Односот меѓу претседателот и актерката бил многу хармоничен и тие ги информирале локалните медиуми за нивниот интимен живот. Во интервјуата, Милеј изјавил дека е „многу заљубен“ и ја опишал врската како „егзотична“, додека актерката изјавила дека „паднала на Хавиер“.
„Дури и кога сме разделени, ние сме блиски. А кога сме блиску сме експлозивни, знаете на што мислам“, рече таа за време на едно интервју.
Таа изјавила дека не се жали на задоволството што и го дава Милеј во се*сот, со напомена дека има „многу задоволства“.
„Вистината е дека ние сме среќни. Не ја носиме работата дома, кога сме заедно само уживаме. Хавиер е посветен претседател, малку спие за да заврши што е можно повеќе работа. Тој не е како другите политичари, никој не сака луѓе како него“.
Милеј и Флорез почнаа да се забавуваат веднаш откако се појавија заедно на ТВ шоу во декември 2022 година, само два месеци откако таа се разведе по 22 години брак.
Претседателот на Аргентина, кој е познат по своето неформално појавување во јавноста, се соочува со бран големи протести по неговата одлука за значително намалување на јавната потрошувачка поради економската криза. Тој го намали бројот на федерални агенции од 24 на осум и повика на укинување и спојување на министерствата за образование, развој, здравство, правата на жените и заштитата на различностите.