Во една група на „Фејсбук“ една мајка неодамна предизвикала дебата кога ги прашала родителите за мислење: Дали е во ред да се зема храна од дневниот престој (градинката) за своите деца кога тие се болни? И додека некои родители ја поддржале нејзината идеја, со оглед на тоа дека и така веќе платила за храната, други мислат дека претерува. Имено, во својата објава напишала дека со задоволство би зела храна од градинката кога нејзините деца се болни, што би ѝ заштедило време.

„Се прашувам дали е во ред да прашам во градинката дали можам да земам храна за дома додека моите деца се болни и не можат да одат во градинка, со оглед на тоа што веќе плаќаме за градинката и живееме во близина. Тоа ќе ни заштеди време во однос на подготвувањето храна“, напишала мајката и веднаш по нејзината објава започнала дискусија.

Иако некои родители биле на нејзина страна, сепак мнозинството ја осудило за, како што велат, „социјално неприфатливата“ идеја.

„Не ми се верува дека вакво нешто воопшто ви паднало на ум. Па, градинката не е ресторан каде што можете да нарачате храна и да ја носите дома кога сакате“, стои во еден од коментарите.

Извор



912

X